5 модели на чизми за кои полудеа сите трендсетерки | Trendseteri
Menu

5 модели на чизми за кои полудеа сите трендсетерки

Ви ги претставуваме „bestseller“ моделите во светот, кој би ви помогнале доколку сте во потрага по ултра модерни чизми

 

Како да знаете во кој модел треба да инвестирате?

Иако многумина мислат дека треба да ги прегледаат моделите кои ја обележаа модната недела, ние ве советуваме да се фокусирате на street style ѕвездите, затоа што дефинитивно тие знаат кои се „bestseller“ моделите.

 

Високи чизми без потпетица
Ако сте во потрага по универзален секси модел, кој ќе одговара со секоја ваша комбинација, тоа дефинитивно се овие високи чизми без потпетица.

 

Бели
Белиот модел и оваа сезона е во тренд. Високи или кратки, со дебела или тенка потпетица…сите се топ модел за оваа сезона

 

Превртена кожа
Најомилениот модел помеѓу Французинките и останатите модерни дами. Ние ви ги предлагаме оние со тенка висока потпетица, кој би ве трансформирале во ултра секси дама, но непогрешлив е и изборот со висока, дебела и стабилна потпетица.

 

Змиска кожа
Анимал принтот не го окупираше само светот на облеката,него доста хит се и ваквите чевли и чизми, а тука доминира Питон кожата. Покрај Шанел, овој модел италијански чизми беа најфотографираните на неодамна завршената модна недела.

 

Кратки чизми со висока потпетица
Овој модел пред две, три сезони беа моден императив. Доколку сте пратеничка на модата, би требало да имате барем два пара од овие чизми, едни класични, црни или бели, а други со посилна боја, црвени или кралско сини. Денес овој модел сеуште се наоѓа во првите топ 5 модела низ светот, со тоа што опстана само класично црниот модел. Тоа е модел кој лесно се комбинира со се, од фармерки и пвц панталони до фустани и плисирани здолништа.