5 Милијарди прегледи | Trendseteri
Menu

5 Милијарди прегледи

„Despacito“ е најемитуван видеозапис на сите времиња

 

„Luis Fonsi“ и „Daddy Yankee“ со „Despacito“ успеаа да срушат многу рекорди на youtube. Покрај дневната заработка од околу 7,000 евра, „Despacito“ е прв и единствен видеозапис со неверојатни 5 милијарди прегледи. Исто така е запис кои за најкраток рок, т.е. 97  дена ја постигна бројката од една милијарда прегледи.

5.000.000.000

Според брзината на прегледи, овoј рекорд ќе биде соборен од самиот „Luis Fonsi“ кој заедно со „Deni Lovato“ го пеат хитот „Échame La Culpa“ со повеќе од 1 милијарда прегледи за само 4 месеци.

На второ место најгледани видеозаписи на youtube е „See You Again“ на „Wiz Khalifa и Charlie Puth“ со 3 и пол милијарди прегледи.

Третото место го држи „Ed Sheeran“ со „Shape of You“ со 3.4 милијарди прегледи, пред „Gangnam Style“ со „Psy“, кој успеа на 21. декември 2012 год. како прв видеозапис да постигне 1 милијарда прегледи  од постоење на youtube.

На петто место се „Mark Ronson и Bruno Mars“ со „Uptown Funk“ со 3 милијарди прегледи.

Исто така интересен факт е, што се појавува во првите 10 најгледани видеозаписи на youtube еден запис кој не е музички хит. Маша и Медо се на шестото место со скоро 3 милијарди прегледи и се води како најгледан филм на сите времиња.

Седмото место го држи „Justin Biber“ со „Sorry“ со 2.9 милијарди прегледи.

„Sugar“ на „Maroon5“ е на 8. место со 2.54 милијарди преглeди.

На 9. место се наоѓа „Taylor Swift“ со  „Shake It Off“ со 2.53 милијарди и „Bailando“ на „Enrique Iglesias“ на 10. место со 2 и пол милијарди прегледи.

 

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
DejaVu Capitol Mall