Ако сте пушач, мора да ги јадете овие 3 намирници | Trendseteri
Menu

Ако сте пушач, мора да ги јадете овие 3 намирници

Некои намирници можат да го подобрат здравјето на вашите бели дробови


Ако сакате вшите бели дробови да бидат здрави, тогаш да престанете со пушењето е најдобро решение, но исто така голема улога игра и храната која ја внесувате.
 
Во истражување учествувале непушачи, бивши пушачи и пушачи. Одговарале на прашања поврзани со нивната моментална исхрана и биле ставени на спирометар, тест за мерење на фунцијата на плуќата на база на вдишување и издишување. Тестирањето е врз 680 луѓе, а тестот го повториле 10 години покасно.
 
Истражувачите дошле до заклучок дека што повеќе јаболки, банани и домати бившите пушачи јаделе, имале помало оштетување на белите дробови.
Тоа е многу битно затоа што стареењето и пушењето претставуваат најголем причинител за намалувањето на функцијата на белите дробови. Оваа храна е добра затоа што содржи многу антиоксиданси кои помагаат во намалување на воспаление на дишните органи и подобруваат здравјето на белите дробови.
Друга група на антиоксиданси, наречени флавоноиди се можеби исто така одговорни за ова. Овие состојки се наоѓаат во голем број на овошја и зеленчуци и го прават дишењето полесно. 

Овие намирници помагаат во обновување на оштетеното ткиво на плуќата кое настанало како резултат од долгогодишно пушење. Претходното истражување пак покажало дека луѓето кои јадат храна богата со каротеноиди( ги има во портокалови, црвени и жолти плодови) имаат помали можности да добијат рак на белите дробови.

Photos: Pixabay