15 работи кои ќе ги научиш кога ќе нема на кого да се потпреш | Trendseteri
Menu

15 работи кои ќе ги научиш кога ќе нема на кого да се потпреш

Кога ќе дојдат тешки денови и кога немаш на кого да се потпреш, овие работи ќе ги сфатиш:

 

  1. Ќе научиш дека понекогаш можеш да се обидеш на некого нешто да му објасниш, но луѓето тоа можат да го сфатат тогаш кога и на нив ќе им се случи истото.
  2. Почнуваш да сфаќаш дека само ти можеш да си помогнеш и тогаш почнуваш активно да ги решаваш проблемите.
  3. Полесно ти е да не разговараш за некои работи затоа што потсвесно ќе почнеш да очекуваш да се случат и ќе се разочараш кога нема да се случи она што си мислел дека ќе се случи.
  4. Ќе сфатиш на кого си му важна, а кој само глуми. Во тешките времиња се гледаат вистинските пријатели.
  5. Ќе сфатиш дека некои од твоите најдобри пријатели не те познаваат вистински, него познаваат само дел од тебе. Со други зборови, те сака кога си среќна, но не и кога си тажна.
  6. Некои луѓе ги смалуваат твоите проблеми затоа што не се опасни по живот, па затоа не сакаат да те слушаат. Од тие луѓе бегај подалеку!
  7. Почнуваш да бараш одговори наместо одобрување. Тоа значи дека ги правиш работите според своја проценка.
  8. Ќе научиш како да си одговорна за сопствениот живот. Ако нешто згрешиш, ти си одговорна и не обвинуваш други луѓе. Едноставно ќе научиш како да ги водиш своите битки, затоа што не е секој на твоја страна.
  9. На потешкиот начин ќе научиш да се прифатиш себе. Тешко е да мислиш дека си сама, а уште потешко дека не си виновна ти што си сама. На крајот ќе научиш да не ги земаш при срце работите и ќе бидеш силна додека си сама.
  10. Ќе научиш да се носиш со осаменоста. Ќе ги гушнеш своите мисли, својата збунетост и стравови. На крај ќе станеш безстрашна.
  11. Почнуваш да сфаќаш како секој има некаква улога во твојот живот, но некои немаат важна улога. Некои се тука привремено и нема да ти бидат пријатели до крајот на животот.
  12. Стануваш повнимателна кога се во прашање идните врски. Повеќе не веруваш и не се доверуваш така лесно.
  13. Понекогаш е подобро на луѓето да не им кажеш се за тебе, затоа што не знаеш кога и како можат тоа да го искористат против тебе.
  14. Сфаќаш дека сама може да се дигнеш после падот и дека не ти треба никој да се потпреш на него.
  15. Ова е тешка лекција, но и најважна. Можеш да прживееш само сама, затоа што некои луѓе само сакаат да те повлечат на дното.