Спасоје Кликовац заминува на изборот за Супер модел јуниоверс во Софија | Trendseteri
Menu

Спасоје Кликовац заминува на изборот за Супер модел јуниоверс во Софија

Нашиот најплатен фото модел Спасоје Кликовац  денес замина на изборот за “Супер модел јунивер“ во Софија,Бугарија. Спаски ќе се натпреварува за  титула најдобар топ модел  со уште 25 модели од целиот свет. Финалето е закажано за четврток во луксузен хотел во Софија на кое ќе учествуваат многу бугарски поп ѕвезди.

“Имам малку трема, но се надевам на победа. Важна ми е дружбата со моделите и искуството што ќе го добијам таму. Се надевам Македонија ќе ја представам во најдобро светло“, вели Спаски. Ова младо момче за кусо време направи вртоглава кариера, снимаше  неколку реклами,а беше и главна фаца во два видео записи. Зад неговото патување  во Софија на  престижниот избор “ Супер модел јуниверс“ застанаа кафе-ресторанот  “ Дежаву“,  козметичката линија “ ТианДе“, кафулето “Сторија“ и секако брендот „ Колекзионе„ чија нова колекција нашиот модел ќе  ја носи на изборот во Софија. Женскиот преставик на овој избор ќе биде манекенката Викторија Луческа.

dsc_3506aresizeddsc_3530aresized14797418_10210620137161044_1646326582_nwey_3313a-2aresized14805524_10210620112640431_1561121340_n14804804_10210620409407850_1936753094_n