Победа! Македонија е помеѓу најдобрите 12 во Европа | Trendseteri
Menu

Победа! Македонија е помеѓу најдобрите 12 во Европа

Македонија е во втората фаза на Европското првенство

 

По голема борба во загрепската „Арена“, Македонија ја победи Црна Гора со 29:28 и на коло пред крајот се пласира во втората фаза од Европското првенство во Хрватска.

 

Најдобар меѓу стрелците беше Филип Кузмановски, со пет гола, а го следеа Манасков, Лазаров и Миркуловски со по четири гола. Кај Црна Гора, Чавор даде шест гола, а Вујовиќ заврши со пет.

Во моментов, Македонија е прва со четири бода во групата Ц, пред Германија со три и Словенија и Црна Гора по еден. Следниот меч го играме со Германците, во среда во 17.15 часот.

Падна и првото „селфи“ на чело со Кузмановски: Заедно, за Македонија!