Оскари 2017 - "Moonlight" најдобар филм | Trendseteri
Menu

Оскари 2017 – “Moonlight” прогласен за најдобар филм

Оскари 2017 – “Moonlight” прогласен за најдобар филм

 

Вчера се одржа најгламурозната церемонија во светот: доделувањето на „Оскарите“ 2017. Филмот “„Месечева светлина” на режисерот Бери Џенкинс освои оскар во Лос Анџелес за најдобар филм.

Оскар за најдобра актерка доби Ема Стоун за улогата во “La La Land”, додека оскар за најдобар актер доби Кејси Афлек за улогата во филмот “Manchester by the Sea”.

Награда за најдобра режија доби Демиен Шазел за “La La Land”, кој како голем фаворит со 14 номинации доби 6 оскари, меѓу кои и за оригинална песна, сценографија и фотографија.

Во скоро совршеното доделување на наградите, на крај се случи невиден скандал. Феј Данавеј и Ворен Бити  ја имаа честа да ја врачат наградата за најдобар филм на годината. Бити прочита дека “La La Land” е најдобриот филм за 2017, и екипата веќе беше на сцената да ја прими наградата. Додека екипата веќе почна да слави, продуцентот Џордан Хоровиц ги прекина и изјави дека дошло до грешка и дека “Moonlight” е најдобриот филм. Ворен Бити притоа додаде дека добил коверт со името на Ема Стоун од филмот “La La Land”, па се збунил и затоа дошло до грешка при објавувањето на победникот.

По завршетокот на целата збрка, екипата на „La La Land“ изјави дека е среќна поради екипата на „Moonlight“ и со аплауз и честитки ја поздрави. Сите прокоментираа дека тоа беше навистина прибрано, достоинствено и на ниво.