Марјана Станојковска на писта во црвен фустан | Trendseteri
Menu

Марјана Станојковска на писта во црвен фустан со шлиц ги остави сите присутни без здив

Марјана Станојковска на писта во црвен фустан со шлиц ги остави сите присутни без здив

 

 

Во знак на денешниот ден на жените, 8-ми Март, во Рамстор Мол вчера се одржа модната ревија на модната куќа “Нана”.

Главната ѕвезда Марјана Станојковска која е заштитно лице на познатата модна куќа, едноставно блескаше и никого не остави рамнодушен од присутните. Покрај неа  на пистата прошетаа и познатите манекенки Емилија Розман, Симона Станковска и Кристина Николоска.

Нашата најпозната убавица беше облечена во светкав црвен фустан со еден ракав и огромен шлиц кој ги истакна нејзините долги, извајани нозе. Таа заедно со познатиот партнер за танц, професионалниот танчер Илија Карадакоски, ги изненади присутните со еден танц.

При тоа, Карадакоски им подели црвени рози на неколку дами кои го следеа настанот.

– Без вас жените ние мажите би биле ништо – рече тој.

Потоа започна првиот дел од големата ревија на Нана. Ревијата ја отвори Станојковска со долг сребрен фустан целиот со реси.

На модната ревија доминираа светкави материјали во црвена, петролеј и крем боја. Околу 20 прекрасни фустани кои ги истакнуваат облините на жената.

Неколку креации беа карактеристични по тоа што беа отворени во долниот дел. Видовме и преубав асиметричен жолт фустан на познатата манекенка Кристина Николоска од Гостивар.

Потоа следуваше вториот дел, каде дизајнерката претстави мини здолништа со густи реси, парички, каде доминираа материјали со светки.