Лионел Меси ќе прави свадба на својот 30-ти роденден | Trendseteri
Menu

Лионел Меси ќе прави свадба на својот 30-ти роденден

Лионел Меси ќе прави свадба на својот 30-ти роденден

 

Најдобриот играч на сите времиња, фудбалерот на Барселона и Аргентина Лионел Андрес Меси ќе прави свадба на неговиот 30-ти роденден со неговата  девојка Антонела Рокуцо, со која има две деца. Како што објавуваат аргентинските медиуми на свадбата ќе присуствуваат над 700 гости која ќе се одржи на 24 јуни, на роденденот на Меси, во неговиот роден град Росарио. Меѓу поканетите гости ќе бидат и неговите соиграчи од фудбалскиот клуб Барселона, како и од репрезентацијата на Аргентина, но и други славни фудбалери.

Антонела и Меси се во врска од 2008 година, и имаат две деца Тијаго и Матео. Идната сопруга на Меси се занимавала со манекенство, а од 2010 се преселила во Барселона.