„Животот со тебе е поубав Бубе“, спектакуларно фризерско шоу за Бубе Ин | Trendseteri
Menu

„Животот со тебе е поубав Бубе“, спектакуларно фризерско шоу за Бубе Ин

Стилисти од целиот Балкан со  Љупчо „Бубе“ Петрушевски

 

Стилисти од целиот Балкан се собраа во Музејот на современата уметност во Скопје по повод хуманитарната ревија за познатиот стилист Љупчо Бубе Петрушевски.Спектакуларното фризерско шоу траеше цели три часа, а многубројната публика уживаше во необичните фризури на моделите изработени од вештите раце на колегите на Бубе ИН.

Собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Бубе, кој  на сцената го поздрави публиката со громогласен аплауз.  Со слоганот „ Животот со тебе е поубав Бубе“  гостите му пренесоа емотивна порака на стилистот со желба за побрзо оздравување. Во публиката можеа да се видат многу градски фаци од јавниот живот.