Гламурозен роденден на нашиот познат стилист Војкан Андреевски | Trendseteri
Menu

Гламурозен роденден на нашиот познат стилист Војкан Андреевски

Гламурозен роденден на нашиот  Војкан Андреевски

 

Во гламурозна атмосфера, во кафулето „Аустријан палас“ во старата скопска чаршија, со многу стил и на висока нога нашиот познат стилист Војкан Андреевски го прослави 35-от роденден. Во кругот на многу блиски пријатели, со диџеј и латино музика, Војкан скоцкан од глава до пети, ги пречекуваше гостите кои беа воодушевени од амбинетот на „Аустријан палас“, каде моментно е главната шема во Скопје. Војкан ни рече дека годинава нема да прави фама, како што беше на неговиот лански роденден, туку вечерта ќе им ја посвети на најблиските пријатели и соработници.

Негова желба за роденденот беше многу здравје и плодна година.
-Ќе се потрудам како и досега да донесам новитети во светот на модата. Мојот тим од „В.А.Фешн“ повеќе години работи на тоа поле. А, моите 35 години си ги носам гордно на плеќите“, вели  низ смеа познатиот стилист.