Мултиетничка бајка среде скопската чаршија | Trendseteri
Menu

Мултиетничка бајка среде скопската чаршија

„Аустријан палас“ – Мултиетничка бајка среде скопската чаршија

 

Ако случајно ве води патот накај Старата скопска чаршија, ни случајно немојте да го пропуштите култното кафуле „Аустријан палас“. Мултиетичко место кое моментно е хит број еден во Скопје. Преубаво уредената тераса со поглед на старото Кале, за момент ќе ви даде чувтсво дека сте некаде во некој приморски град. Стилот на кафулето е ултра модерен, со стара буба качена на ќерамиди, мотори и златно обоени стари велосипеди кои мо даваат на амбиентот фраерски шмек. Овде услугата е со оценка чиста десетка, независно дали сте муслиман, христијанин или случаен минувач. Местото е атрактивно и за странците кои доаѓаат во посета на чаршијата. Од менаџментот велат дека идејата на Палас е да биде култно место за добра забава каде нема да се мештаат религијата и верската определба. И тоа им успева, и тоа како. Уживајте во галеријата!!!