Синот на пејачот Лајонел Ричи, Мајлс, двојникот на Зоки Фаци | | Trendseteri
Menu

Синот на пејачот Лајонел Ричи, Мајлс, двојникот на Зоки Фаци

Зоки Фаци си има свој двојник

 

Македонскиот водител Зоран Василевски, познат во естрадата како Зоки Фаци си има свој двојник. Станува збор за Мајлс Ричи, син на познатиот американски пејач Лајонел Ричи и брат на популарната манекенка Софија Ричи.

Инаку Мајлс ја добива својата слава откако таблоидите во Америка објавија дека е во врска со Кајли Џенер, младата сестра од кланот Кардашијан.

– „Ми напиша еден другар од Америка дека многу личам на некој американски мајстор за тетоважи. На почеток не му верував, но откако му ги видов фотографиите на Инстаграм ја забележав сличноста. Имаме сличен стил и навистина си личиме, само со една мала разлика, тој живее во Америка, јас во Македонија.“ – вели Зоки.

Дека сличноста помеѓу македонскиот водител и американскиот мајстор за тетоважи е навистина голема, сведочат и фотографиите кои специјално ги монтиравме во продолжение.

Од лево е фотографија на Зоки Фаци, додека од десно е неговиот двојник Мајлс.