Реакција статусот на Владимир Блажев – Панчо | | Trendseteri
Menu

Реакција статусот на Владимир Блажев – Панчо

Реакција на јавно споделениот статус на Владимир Блажев – Панчо

 

По објавениот статус на Панчо од ДНК на Фејсбук, со кој јавно го обвини главниот менаџер на продукцијата „Горила“ оти им должи неисплатени хонорари, се јави со свој став и лично Васко Павлески. Цитираме во целост-

Јас, Васко Павлевски, сопственик на Горила Продукција зад себе имам организирано над 1000 настани, издадено над 100 синглови, продуцирано над 80 спотови, одржано 6 големи концерти во Борис Трајковски, Метрополис Арена и Антички Театар и неброени помали концерти на други концертни места за кои сум исплаќал илјадници хонорари, со оглед на условите во коишто работиме и создаваме, убеден сум оти доволно сум направил за македонската музика и за моите соработници.

 Навистина постојат делумно нерасчистени побарувања со ДНК и Владимир Блажев. За волја на вистината, концертот се одржа пред 50-тина дена, а не пред 5-6 месеци. Во процедура е прибирање на средствата од приходите, по што ќе следува остатокот од распределбата на побарувањата. Сепак, содржината на статусот на Панчо во кој изразува гнев од соработката со мене е нереална. Тие што подолго време соработуваат со мене знаат дека неколкукратно сум успеал да им ги зголемам хонорарите од настапите, а со тоа сум се заложил за нивните кариери.

Што се однесува до долговите – за истите постојат договори, акти и рокови за исплата. Исто како што јас побарувам илијадници евра од оние кои и должат на Горила Продукција, мојата продукција не секогаш е во можност предвреме да ги измири преземените обврски. Во Македонија и покрај се нештата не функционираат како што посакуваме, исплатите доцнат и по година дена. Го прашувам јавно Панчо дали јас треба баш на овој начин, преку фејзбук да ги објавам моите должници, за потоа луѓе кои се недоволно запознаени да истураат пизма врз нив? За на крај, сепак, фала Панчо за досегашната соработка. Благодарност и до оние што ќе продолжат да ме поддржуваат, а и до оние кои ќе се ситат на ситуацијава.